(ВИДЕО) Девет луѓе убиени во пукање во Охајо

Девет луѓе се убиени во пукањето во градот Дејтон, во американската сојузна држава Охајо, соопшти во неделата локалната полиција.

Во нападот ранети се уште 16 луѓе. Напаѓачот, исто така, е меѓу смртно настраданите. Пукањето се случило на подрачјето на „East 5th Street“ во округот Орегон во Дејтон.

На прес-конференцијата на локалните власти беше истакнато дека напаѓачот бил застрелан од припадници на безбедносните сили, а неговиот идентитет сѐ уште не е утврден. Сите повредени се пренесени во околните болници, но нивната состојба не ја прецизираат властите на Дејтон.

На местото на настанот и натаму работат припадниците на локалната полиција на кои им се придружиле агенти на Федералното биро за истраги (FBI). Локалното население е предупредено дека треба и натаму да биде претпазливо.

Станува збор за второт масовно пукање во последниот деноноќие во САД. Претходно во саботата, 21-годишно бело момче отвири оган од автоматско оружје во продавница на „ Walmart“ во состав на трговскиот центар „Cielo Vista“ во Ел Пасо, во сојузната држава Тексас. Во неделата властите потврдија дека во овој масакр се убиен 20 лица, а уште други 26 се ранети.