Медицинска сестра од англиската грофоција Есекс сними трогателно вiдео во коешто раскажува кaко нејзините колеги се справуваат со огромниот наплив на пациенти заразени со коронавирусот и ги моли сонародниците да ги следат препораките за самоизолација.
Како што вели Ширли Вотс, поради пандемијата повеќекратно е зголемен притисокот врз здравствениот систем, а нејзината болница едноставно нема персонал. Британката со солзи во очите вели дека лекарите и медицинските сестри ги вложуваат сите свои сили во борбата против заразата.
„Правиме сѐ што можеме за да ги спасиме луѓето и нивните најблиски. Едноставно паднати сме на коленици. Задушенио сме со тоа, но се трудиме со последните сили“, вели медицинската сестра.
Вотс вели дека во оваа „очајна состојба“ здравствените работници се принуден да се изложуваат на секојдневна опасност и да бидат далеку од своите семејства.
Ги повикува Британците да останат дома и да ги почитуваат мерките што ги наметнаа властите. Доколку некои излегуваат надвор без сериозни причини или се движат во друштво, треба да им се забележи тоа и да им се објасни целата опасноста од ситуацијата, смета Вотс.
„Сега ни се чини дека ја губиме оваа битка (…-) Ако некој зборува дека не е толку сериозно и оти може да оди на прошетка, тоа не е така. Кежете им дека треба да останат дома“, порачува Вотс.