Големото дерби на белгискиот фудбал меѓу Стандард и Андерлехт беше прекинат синоќа во 62 минута, откако гостинските навивачи по втор пат го прекрија теренот на стадионот во Лиеж со пиротехнички средства.
Судијата прво го прекина дербито во 57 минута кога навивачите на Андерлехт почнаа да фрлаат на теренот факели и чадни бомби, незадоволни од водство на Стандард од 3-1.
Прекинот траеше околу 15 минути, а само пет минути откако натпреварот продолжи, гостинските навивачи го повторија инцидент по што судијата во согласност со правилата го прекина дербито.
Меѓутоа, тоа не беше крај на случувањата во Лиеж.
По последниот судиски свиреж, крилниот играч на Стандард, Норвежанецот Арон Донум ја повика својата вереница на теренот. Клекна на земјата, ги испружи рацете кон девојката и ја замоли да се омажи за него.
-Рече, да, извика спикерот на стадионот на огромно задоволство на домашните навивачи.
❤️ | ELLE A DIT OUI ! 💍 #STAAND pic.twitter.com/TZJ6TeFHAa
— DAZN Belgique (@DAZN_BEFR) October 23, 2022