„Нашите препораки беа наставниците да бидат креативни, да го дадат својот максимум во видео наставата и во одредени линкови со одреден профил, особено во средното стручно образование, можеби не е реална компензација со тоа што го реализираат самите ученици во практичната настава, но добро е на овој начин да се организираат, да го дадат својот максимум“, истакна министерот за образование и наука Арбер Адеми во емисијата „ЕУ клик“ на ТВ21.
Тоj додаде дека не може да ја поддржи одлуката за намалување на платите во јавниот сектор.
„Навистина не можам тоа да го поддржам бидејќи ние треба да ги мотивираме наставниците, на професорите им се дава дополнителен ангажман, во вакви околности тие се ангажирани дополнително, само за да пренесат знаење на учениците, и доколку им се намалат платите, на ниво на минимална плата, секако дека тоа не допринесува за нивна мотивација“, вели тој.