(ВИДЕО) Џафери во Европскиот парламент се обрати на албански јазик

Претседателот на Собранието, Талат Џафери пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“ зборуваше на албански јазик. Видеото можете да го погледнете на овој линк. Џафери зборува од 34-тата минута.

– За жал, наместо преговори сега се соочуваме со застој заради одредени билатерални барања. Наш став е дека договорната рамка со Бугарија дава соодветна основа за понатамошна соработка и ние сме подготвени за надминување на ситуацијата согласно меѓународните стандарди. Истовремено, сакам да нагласам дека овие случувања не треба да имаат влијание на отворање на преговорите за членство – рече Џафери пред Комитетот.

Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на државата во меѓународната комуникација.