Попладнево изби тепачка на јавната расправа за ДУП-от за Трнодол што се одржуваше во Месната заедница,, Пецо Божиновски” во Општина во Карпош.
На тепачката и’ претходела неадекавтна атмосфера во Месната заедница „Пецо Божиновски“ во која има седишта за 36 луѓе, а внатре се натуркале околу 130 лица.
Презентацијата била зaкажана за 15:30 часот, но уште во 14:30, како што кажуваат дел од засегнатите, МЗ била опседната со пензионери од Карпош 2 и партиски активисти на СДСМ, кои биле познaти по насилно однесување. Кога во 15:30 часот пристигнале стар баби и дедовци да ја слушнат презентацијата на ДУП-от, веќе било очигледно дека нема услови во толку мала просторија да се соберат стотина луѓе – граѓани, засегнати, партиски војници од други населби и партиски насилници. Меѓу нив имало и луѓе со сомнително криминално досие. Уште пред да почне презентацијата, жителите на Трндол велат дека на општинарите им посочиле да закажат нова во простор што е достоинствен и каде што ќе може нормално да се комуницира и да се претстави планот, а како предлози се дадени Драмски тетатар, Кинотеката на Македонија и слично.
Еден од граѓните им се обратил на партиските активисти од другите населби од цело Скопје дека се изманипулирани што се дојдени тука на некого да му го штитат грбот или други намери што не ги засегаат. Побарал од нив да не дозволат да бидат манипулирани и да си заминат за да може нормално да се одржи состанокот. По околу 10 минити една жена се онесвестила од турканици и немање на воздух. По 10 минутно барање да се обезбедат нормални услови за работа, во салата влегол насилник на СДСМ, за кои присутните велат дека најверојатно е вработен во Општината, и со тупаница удрил еден од граѓаните, по што настанала општа тепачка и турканици на луѓето кои го бранеле својот нападнат сограѓанин. Во исто време, како што вели еден од присутните, партиската војска му обездува кордон на лицето да избега.
Инаку, дел од приустните граѓани од Трнодол велат дека ДУП-от за оваа скопска населба е даден на Уставен суд. Во текот на денот градоначалникот на Карпош информираше дека била постигната согласност за сите суштински работи од предлог ДУП-от и за посоченото, претставниците на граѓаните се потпишале на записникот од средбата со градоначалникот на Општина Карпош.
Жителите на Трдонодол велат дека не даваат дозвола да се донесе тој план. Тие бараат градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев да го повлече Деталниот урбанистички план за дел од Трнодол и да донесе мораториум за градба и издавање дозволи за градба во ризичното подрачје како што се брдата под Трнодол и Жданец. Со планот во Козле се предвидуваат да се градат три згради, за кои Богоев вели дека се предвидени уште со претходниот план и се на приватно земјиште.
Богоев уште еднаш демантираше дека во врска со новиот предлог-детален урбанистички план за Трнодол се измислуваат работи кои воопшто не постојат, бидејќи со него не се предвидува ниту нова населба, ниту, пак, тој се однесува за населеното место Жданец.