Ал Пачино првпат во својата повеќе од 50. години долгата кариера како глумец,ќе се испроба и во ТВ-серија со 10. епужизоди. Прикажувањето започна вчера на Амазон Прајм Видео.
Приказната на „Ловци“ (Hunters) е сместена во Њујорк, во 1977 година, и го следи Мајер Оферман (Ал Пачино), водач на групата ловци на нацисти, кој претходно го преживеал холокаустот. Тој дознава дека во САД тајно живеат стотици поранешни нацисти кои планираат „Четврти Рајх“, и тоа во Америка. Серијата е инспирирана од вистинити приказни.
„Никогаш досега не сум снимил серија од 10 епизоди. Тоа е нешто како 12-часовен филм… Патем, ова е луда приказна… Страшна, но и полна длабоки емоции“, рекол Пачино, кој во април ќе наполни 80 години.
Режисерот на серијата, Дејвид Вејл, меѓу другото, сака и да ги пренесе раскажувањата на својата баба што го преживеала холокаустот, нејзините искуства на војната за кои што тој слушал како дете.
„Ова е своевидно ‘љубовно писмо’ на мојата баба“, рекол режисерот.
„Сакав нејзината приказна да ја пренесам на следната генерација и да ги подучам луѓето за холокаустот за да спречиме такво нешто да се повтори“, додал Вејл.