Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, учествуваше на свеченото отворање на новата спортска сала на основното училиште „Реџеп Вока“ во селото Шипковица, во Тетово. Тој беше придружуван од министерот за образование Арбер Адеми, вицепремиерот Садула Дукраку, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, заменик министерот за одбрана Беким Максути и многу други функционери на ДУИ.
По говорите пред присутните, албанските политичари беа првите што симболично шутираа неколку пенали.
Шефот на ДУИ, Али Ахмети прв шутираше, додека заменик министерот за одбрана Беким Максути, кој беше голман, не успеа да го одбрани ударот на Ахмети, кој го постигна првиот гол во новата сала во Шипковица. По Ахмети, и другите министри шутираа од белата точка.