
Во самоубиствен напад, за кој одговорноста ја презема ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, во средата во градот Манбиџ во северна Сирија, загинаа 18 лица меѓу кои и американски војници, пренесуваат невладини организации повикувајќи се на свои активисти на теренот.
Американската војска потврди дека има жртви меѓу нејзините војници кои биле во патрола, меѓутоа не го објави точниот број. Агенцијата Reuters, цитирајќи неименуван американски официјален претставник, пренесува дека ранети се уште тројца американски војници. Според овој извор, најмалку четворица американски војници и уште 14 други лица загинале во експлозијата во средата попладнето во близина на патрола на арапско-курдската коалиција поддржана од САД.
„Припадници на американската војска беа убиени во експлозија додека вршеа рутинска патрола денеска во Сирија. Сѐ уште ги собираме информациите и ќе ги споделиме дополнителните поединости подоцна“, се наведува во писмената изјава на американската команда задолжена за боените операции во Ирак и Сирија.
Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), чиешто седиште е во Лондон, извести дека двајца американски војници загинале на самото место, а уште двајца починале подоцна во болница. Опсерваторијата идентификувала девет од жртвите како цивили, а другите се припадници на опозициските Сириски демократски сили (SDG) и на курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) кои логистички и воено се поддржани од САД.
Од SOHR прецизираат дека цела на експлозијата бил ресторана во ал-Умара во центарот на Манбиџ, во средата попладнето. Опсерваторијата истакнува и дека се очекува бројот на жртвите да се зголеми, бидејќи некои од повредените се во критична состојба.
Исламската држава ја презема одговорноста за нападот, наведувајќи дека бомбаш самоубиец нападнал патрола на коалициските војници и нивните сојузници Курди, кои оваа џихадистичка групација ги смета за отпадници од исламската вера и ги прогонуваше и во Сирија и во соседен Ирак.
Коалицијата предводена од САД има воени бази во Манбиџ, град кој курдските сили го заземаа во 2016 година до кога беше под контрола на Исламската држава. Кон крајот на декември во овој град во близина на границата со Турција влезе и сириската владина војска во договор со крудските милици, што беше потврдено и од двете страни. Засега е нејасно дали американската војска ја задржала базата во градот или ја дислоцирала на периферијата во очекување на најавеното целосно повлекување од Сирија.
Турција, којашто YPG ги смета за крило на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), во декември се закани дека ќе влезе во Манбиџ, но ги запре операциите, откако САД порачаа дека Анкара не смее да ги напаѓа Курдите.
The first footage of the explosion in Manbij has surfaced. The explosion in Manbij was conducted by a suicide bomber. https://t.co/49Hh6dZ1GA pic.twitter.com/6xnsuhc6ML
— Syrian Civil War Map (@CivilWarMap) January 16, 2019
Two US soldiers and a fighter of the Manbij Military Council were killed by the explosion in Manbij City. The perpetrators are believed to be sleeper cells of Turkish-backed jihadistshttps://t.co/49Hh6dZ1GA pic.twitter.com/npNcnPQCSH
— Syrian Civil War Map (@CivilWarMap) January 16, 2019