ВИДЕО| Антиамерикански протести во германски Лајпциг – Германија во стисокот на САД

Најмалку шест илјади луѓе учествувале во саботата вечерта на антиамерикански протестите во источногерманскиот град Лајпциг, известува во неделата порталот Compact кој важи за близок на опозициската евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).

Демонстрантите минале во поворка низ центарот на градот, а потоа се собрале наспроти конзулатот на САД, пред зградата на Уставниот суд истакнувајќи германски и руски знамиња. Скандирале „Американци одете си дома!“, пренесува порталот.

Истовремено во Лајпциг се одржувал и контрапротест на левичарските партии и групации кои се обиделе да ја блокираат рутата на движење на антиамериканските демонстранти. Сепак, полицијата интервенирала и не дозволила контакт меѓу двете традиционално жестоко спротиставени политички групации.

„Вчера шест илјади луѓе дојдоа на првата општонационална демонстрација под мотото ‘ami, go home’ на Симсонплац пред американскиот конзулат“, пишува Compact.

Весникот, со јасна десничкарска провиниенција, притоа ја истакнува „важноста“ од протестите против САД, кои ги нарекува „последниот окупациски режим, која ја вовлекува Германија во конфликти“.

Од друга страна, полицијата во својот извештај од неделата го минимизираше бројот на демонстрантите, објавувајќи дека на протестот учествувале „не повеќе од илјада луѓе, но нивниот број се зголеми во текот на демонстрациите“. Се додава дека отворени се десетици истраги поради напади врз полициски службеници, навреди и нарушување на правото на јавно собирање.

Порталот наведува дека ова е вториот масовен собир во Лајпциг од почетокот на седмицава. Претходниот се одржал во понеделникот, кога демонстрантите барале запирање на сета воена поддршка од Германија за Украина.

„Германија под американските крлежи“

Претходно во саботата електронското издание на влијателниот германски весник Focus Online, во низата европски забелешки на односот на Вашингтон кон своите прекуоекеански сојузници, објави напис во кој тврди дека германската економија всушност е под американски притисок.

„Суштината … се состои во да многу различни аспекти. Првиот се однесува на законот за сузбивање на инфлацијата, кој не е насочен кон намалување на цените, туку е гигантска програма за субвенции за американскиот високотехнолошки сектор, што од своја страна создава притисок врз германските компании. Вториот аспект е насочен против Кина и се состои во санкции против кинеските полупроводници, што го принудува германскиот бизнис да ја преиспитува соработката со Кина“, се наведува во написот.

Со своите постапки, како што забележува авторот на написот Габор Штајнгарт, Вашингтон покажал дека е одлучен да го осигури својот развој за сметка на Европа и Кина.

Американскиот Закон за сузбивање на инфлацијата (IRA) на Бајден, обемен пакет мерки кој се однесува на даночните олеснувања, климата и здравствената заштита, предизвикува нови тензии на релација Брисел – Вашингтон. уште еднаш високо на политичката агенда ги истакна стравувањата од трансатлантска трговска војна. Во ЕУ на законот се гледа како државни субвенции и протекционизам со кој европските компании ќе ја загубат конкурентноста на пазарите, и Брисел подготвува планови за итна помош преку субвенции за спас од колапс на европските индустрии.

„Во сегашните услови, германската економија има моќен конкурент во САД. Во Вашингтон ерата на ‘слободната трговија’ е заменета со ера на ‘управувана трговија’“, истакнува Штајнгарт.

Истовремено, германската влада различно реагира на овие предизвици.

„На пример, во случајот со Кина, (канцеларот) Олаф Шолц и (министерот за економија) Роберт Хабек заземаа позиција на ‘минимизирање на ризикот’, велејќи дека нема да биде возможно да се справиме со Пекинг како порано. Притоа челникот на германското здружение на индустријалците, Зигфрид Русвурм, рече дека не гледа причина германските компании да ги намалат активностите на кинескиот пазар“, се додава во написот.