Јапонскиот цар Нарухито во вторникот и официјално го прогласи своето востоличување на древниот обред во присуство на гости од 180 земји, полагајќи ја заклетвата дека ќе ја извршува својата должност на симбол на државата.
Педесет и деветгодишниот цар Нарухито го презема тронот Престолот на Хризантемите на 1-ви мај, ден по абдикацијата на неговиот татко царот Акихито и се обвзра дека царската должност ќе ја исполнува со целосна одговорност како „симбол на државата и единството на јапонскиот народ“, со што и официјално започна новата ера – Реива.
Акихито, чиешто владеење го носеше името Хеисеи, што значи „да се создава мир“, абдицираше на 30-ти април поради здравствени причини. Тој беше првиот цар на најстарата наследна монархија на светот во последните 200 години кој во текот на својот живот го препушти престолот на наследникот.
„Се заколнувам дека ќе дејствувам во согласност со уставот и ќе ја исполнувам својата должост како симбол на државата и единството на народот“, рече Нарухито на церемонијата „Сокоу но Реи“ во царскиот дворец пред околу две илјади гости, меѓу кои и британскиот принц Чарлс.
„Искрено се надевам дека Јапонија со народната мудрост и непрекинатите напори и натаму ќе се развива и ќе придонесува за пријателството и за мирот меѓународната заедница, како и благосостојбата на луѓето“, додаде Нарухито.
Јапонскиот цар, првиот роден по Втората светска војна и првиот кого родителите го воспитувале самостојно, им изрази благодарноста на своите родители на должноста која ја извршуваа три децении и истакна дека товарот кој му го оставиле го презема со достоинствена одговроност.
Јавната парада по повод неговото крунисување е одложена за следнито месец, со цел владата да има доволно време да ги санира последиците од разорниот тајфун Хагибис кој ја погоди Јапонија пред десетина дена. Во ова невреме животите ги загубија најмалку 80 луѓе.