(ВИДЕО) Аргентина подобра од Бразил, Меси промаши пенал па погоди

Во еден од најголемите ривалитети во фудбалот, фудбалската репрезентација на Аргентина во пријателски натпревар во Ријад го победи Бразил 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Лионел Меси во 13 минута.

Ова беше прв настап на Меси во аргентинската селекција откако беше исклучен во натпреварот за третото место на Копа Америка против Чиле во јули годинава, а потоа беше суспендиран поради критиките на адреса на континенталната фудбалска асоцијација. Меси имено по мечот одби да го прими медалот за третото мето, велејќи дека судиите на турнирот биле корупмирани и оти домаќинот Бразил морал да победи.

„Корупцијата и судиите не дозволија луѓето да уживаат во фудбалот“, рече Меси тогаш, а за тоа беше суспендиран на три натпревара. Во селекцијата се врати токму за дуелот против Бразил од кого Аргентина беше елиминирана во полуфиналето на Копа Америка.

Дуелот меѓу „Гаучосите“ и „Селекао“ го реши погодокот на ѕвездата на Барселона во 13 минута. Меси претходно не реализираше пенал, неговиот удар го одрбани Алисон, но Аргентинецот ја исправи грешката и одбиената топка ја спроведе во мрежата. Само пет минути претходно, пенал не искористи ниту бразилскито напаѓач Габриел Жезус, кој шутираше крај голот. За Бразил не настапи Нејмар кој се повреди на 13-ти октомври во пријателскиот меч со Нигерија.

Аргентина последниот пат го победи најголемиот ривал во јуни 2017 година во пријателскиот натпревар одирган во Мелбурн, исто така, со 1:0.

Бразил со овој пораз ја продолжи серијата без победи на последните пет натпревари, додека Аргентија ја продолжи низата без пораз, исто така, на пет натпревари.

Следниот настап Бразил ќе има во вторник против Јужна Кореја во Абу Даби, додека Аргентина во понеделник требаше да игра против Уригвај во Тел Авив, но средбата е откажана од безбедносни причини.

 

https://www.youtube.com/watch?v=xnrFeoaiVy4