ВИДЕО| Јас сум Албанец, не сум македонски министер туку министер на Cеверна Македонија

Министерот за економија Крешник Бектеши реагираше кога при посетата на Албанија го нарекоа „македонски министер“. На прес конференцијата со министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, новинарите го прашале за легализација на медицинскиот канабис.

– Имам прашање до македонскиот министер… – рече новинарката, на што министерот Бектеши одговори:

– Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец – рече Бектеши.

Ова е втор скандал од неговата посета на Албанија, откако вчера беше пречекан само со албански знамиња и без македонско знаме.