Џастин Тимберлејк (38) јавно и се извини на својата сопруга Џесика Бил, откако беше снимен како разменува нежности со колешката Алиша Ваинрајт.
Фотографиите од таблоидот The Sun покажуваат дека тие пиеле алкохол, се допирале и се држеле раце. Во моментов во Њу Орлеанс, тие го снимаат филмот „Палмер“, а снимките се направени доцна во ноќта.
Тоа не е пример што сакам да му го пренесам на мојот син. И се извинувам на мојата прекрасна сопруга и семејството што ги изложив во таква срамна ситуација и се фокусирам на тоа да бидам подобар сопруг и татко. Јас сум крајно горд на мојата работа на „Палмер“, со нетрпение очекувам да продолжам да го правам тој филм и возбуден сум што луѓето ќе можат да го гледаат “, напиша Џастин во објавата на Инстаграм.