(ВИДЕО) Атентаторот на Роберт Кенеди избоден во затвор

Атентаторот врз некогашниот амаерикансми Роберт Фицџералд Кенеди, Сирхан Сирхан, е избоден во петокот попладнето во затворот близу Сан Диего, во сојузната држава Калифорнија.

Како што пренесува во саботата таблоидот TMZ, Сирхан бил ранет со нож и бил хоспитализиран и неговата состојба се оценува како стабилна и е вратен во затворската болница поради лесните повреди. Тој бил пронајден ранет од страна на затворското обезбедувње во еден од објектите на казнената установа. Осомничениот напаѓач е изолиран и започната е истрага, соопшти полицијата, но не дава поединости за мотивот за нападот.

Сега 75-годишниот Сирхан отслужува доживотна казна во затворот „Ричард Џи Донован“, каде што и се случил нападот. Сирхан во 1969 година е осуден на смртна казна. Три години подоцна казната му е преиначена во доживотен затвор, бидејќи Калифорнија кус период го забрани извршувањето смртни казни.

Серхан го уби сенаторот Роберт Кенеди, брат на убиениот 35-ти претседател Џон Ф. Кенеди, во текот на претседателската кампања во 1968 година во хотелот „Амбасадор“ во Лос Анџелес пукајќи во политичарот од револвер. Припадникот на влијателното во американската политика но трагично семејство почина следниот ден.

 

https://www.youtube.com/watch?v=bsYLelmN6BA&feature=player_embedded