
Најважната патна артерија на Турција го скратува растојанието меѓу двата града за 100 км. Автопатот ќе го поврзе Истанбул со Измир и наместо досегашните 515 км ќе стане 404 км.
„Новиот автопат ќе придонесе и за економијата на земјата и во заштеда на време и пари. Ќе се создадат повеќе можности за транспорт на производи дома и во странство“, рече министерот за транспорт и инфраструктура Јахит Туран.
Последните 192 километри од автопатот ќе бидат во употреба на 4 август, недела, кога треба и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган треба да сече лента. Околу пет илјади лица се вработени во градежните работи што ги започнале во 2010 година.