Две климатски активистки, на возраст од 82 и 85 години, од кои едната е англикански свештеник, во петокот искршиле парчиња од зајакнатата кутија во која се чува оригиналниот текст на Магна Карта во Британската библиотека во Лондон, пред да бидат запрени од персоналот на обезбедувањето.
Во видеото објавено на социјалните мрежи од активистичкото движење „Just Stop Oil“, пречесната др Сју Парфит, на 82 години, ги држеше длето на куќиштето дедека 85-годишната Џуди Брус удира неколкупати со чекан. Парфит потоа подигна транспарент на кој пишуваше „ВЛАДАТА ГО КРШИ ЗАКОНОТ“.
Историскиот документ не е оштетен, соопштија од библиотеката.
Има само четири оригинални текстови на Магна Карта, англиската повелба од XIII век, која вели дека никој не е над законот. Два се чуваат во Британската библиотека, еден во катедралата во Солсбери, а преостанатиот во замокот Линколн.
„Како христијанка, принудена сум да направам сѐ што можам за да го ублажам страшното страдање кое неизбежно доаѓа и е веќе тука… само треба да ја запреме нафтата“, се слуша како вели англиканската свештеничка Парфит на видеото.
Лондонската Метрополитен полиција подоцна соопшти дека уапсила две лица под сомнение за криминална штета во врска со инцидентот.
Велика Британија ги сузби реметувачките протести, особено на активистите за климатски промени, кои прекинаа голем број спортски настани, го блокираа сообраќајот, полеваа со бои уметнички дела и седишта на компании, па дури и упаднаа во приватната резиденција на премиерот Риши Сунак минатата година за да навлечат црна ткаенина над неговата куќа во знак на протест против неговата политика на нафтата.
Во 2023 година, владата донесе нов закон со кој се дозволуваат построги мерки против протестите кои го нарушуваат вообичаеното фунцкионирање на градовите или институциите, како и ошетувањето на јавната и приватна сопственост.
@screenshothq Two climate activists in their 80s have targeted the Magna Carta at the British Library. Reverend Dr Sue Parfitt, 82, and Judy Bruce, an 85-year-old retired biology teacher, entered the library and tried to smash the glass case protecting the historic document using a lump hammer and chisel. The pair, from the Just Stop Oil protest group, then held up a sign which stated: "The government is breaking the law". #breakingnews #juststopoil #magnacarta #protest ♬ A mysterious scene of the near future like Blade Runner(994826) – The Structures