
Ендемичниот вид Охридска пастрмка безмилосно се изловува, независно забраната за риболов во време на мрест.
Од охридскиот нуркачки клуб „Амфора“ појаснуваат дека во текот на секојдневните подводни активности сведоци се на постојаното уништување.
„За време на мрест, период кога е најранлива и најмногу треба да се размножува, Охридската пастрмка безмилосно се лови. Заробени со денови, без можност да се хранат и живеат рибите се препелкаат во лесно поставените замки. Сме реализирале специфични акции за отстранување на изгубени и заборавени рибарски алати како и многубројни еколошки акции со нашите колеги со цел подигнување на јавната свест по однос на заштита на рибите и животната средина на Охридското езеро“, пишуваат од клубот.
Додаваат дека веќе се преземаат и мерки од релевантните институции, но прашуваат дали истите се доволни за да се заштити она што доколку го загубиме, никогаш нема да се врати?