Легендата на атлетиката, Јамајчанецот Усеин Болт по неколку години конечно се израдува на својот прв гол како професионален фудбалер. Да биде радоста поголема, Болт на истиот натпревар постигна два гола за својот клуб „Централ Коуст Маринерс“ од Австралија.
Најбрзиот човек на сите времиња и осумкратен олимписки шампион по завршувањето на атлетската кариера се реши целосно да му се посвети на фудбалот. Откако не ги задоволи барањата на тренерите во „Манчестер Јунајтед“, а особено во „Борусија Дортмунд“ Болт првите минути на фудбалскиот терен ги запиша во Норвешка. Таму дебитираше за прволигаш „Стромсгодсет“,на пријателски наатпревар во јуни годинава.
https://twitter.com/twitter/statuses/1050686538919567360
Сепак, ниту таму не успеа да остане, па среќата пред неколку месеци ја побара во првата лига на Австралија. Од клубот му даваат шанса да покаже колку може на три натпревари. На првиот пред еден месец одигра само 20 минути, чисто промотивно. Вчера стартуваше и одигра 75 минути во пријателскиот натпревар против „Мекартур Саут Вест Јунајтед“, откако од околу 20-ина метри „распали“ со левата и го постигна својот прв гол како професионален фудбалер. Неколку минути по голот-првенец, Болт уште еднаш се запиша во листата на стрелцита, овој пат искористувајќи ја грубата грешка на противничката одбрана и небранет од никого ја смести топката во празната мрежа на „Саут Вест“. Неговиот тим победи со 4:0.
https://twitter.com/twitter/statuses/1050690222533500928
Ако ги здоволи вкусовите на менаџментот на Болт ќе му биде понуден професионален договор и ќе настапува во елитната австралиска лига.