Новинарската екипа на интернет порталот А1.Он денеска снимила како полицијата која го обезбедувала судот за време на изрекувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“, приведува лице, кое на своето тело поставило нешто што наликува на експлозив, односно појас со бомба.
Неколку полицајци интервенираа откако непознато лице се приближи до нив при што им се обрати.
Човекот се доближи и му кажа нешто на еден од полицајците по што останатите припадници на МВР му го одзедоа ранецот и го однесоа во полициска станица.
Неофицијално од МВР за А1он велат дека се работи за лицето Ибруш Ибраими кој околу половината бил нареден со некаков вид на експлозив со што и се заканувал на полицијата. Педесет и седумгодишниот Ибраими е приведен од страна на припадниците на МВР. Надлежното министерство наскоро ќе излезе со официјални информации од овој случај, се вели во информацијата на порталот.
Погледнете го видео записот на А1.он.