Британскиот премиер Борис Џонсон денеска им служеше празничен ручек на британските војници за време на посетата на мисијата на НАТО во Естонија.
Околу 850 британски војници се стационирани во Естонија и се најголемиот британски контингент во Европа.
Велика Британија игра клучна улога во мисијата на НАТО во Балтичко Море.
„Она што го правите е исклучително важно затоа што сите во нашата земја можат да го слават Божиќ во мир и безбедност токму заради тоа што вие го правите тука. Она што го правите покажува дека НАТО делува и дека ние во нашата земја сме апсолутно посветени на алијансата “, рече Џонсон.
Даунинг стрит додаде дека Џонсон се сретнал и со естонскиот премиер Јури Ратас, кому му се заблагодари за „поддршката и гостопримството, покажана од Естонија при прифаќањето на британските вооружени сили“.
Велика Британија е една од неколкуте земји на НАТО кои го исполнуваат ветувањето дека ќе одвојат 2% од БДП за одбраната.