ВИДЕО| Брансон летот во Вселената го планира за 11-ти јули, пред Безос

Милијардерот Ричард Брансон на 11-ти јули со пробниот лет на својата компанија „Virgin Galactic Holdings Inc“ планира да отпатува до работ на Вселената, извести оваа компанија за ткн „вселенски туризам“, со што британскиот би го претекнал американскиот милијардер Џеф Безос кој таквиот лет го најави за 20-ти јули.

„Отсекош сум бил мечтател. Мајка ми ме учеше да не се предавам и да посегнувам кон ѕвездите. На 11-ти јули дојде времето да го направам овој сон реалност на бродот Unity-22″, потврди Бренсон во петокот во својата објава на Twitter.

Успешниот лет на „Unity-22″ би го означил клучниот пресврт во трката за воведување на новата ера на приватните комерцијални вселенски патувања. Исто така, би значело дека Брансон ќе патува надвор од атмосферата на Земјата пред Безос, основачот на компанијата „Blue Origin“, ривалскиот потфат за „вселенски туризам“.

Мисијата на Брансон на 11-ти јули ќе биде 22-то летачко испитување на „VSS Unity“ и четврти вселенски лет на компанијата. Но тоа ќе биде првиот лет кој ќе има комплетен екипаж од двајца пилоти и четворица „специјалисти за мисијата“, вклучително и самиот Брансон. Пред планираното почнување на пружањето на комерцијалните услуги во 2022 година, предвидени се уште два пробни лета, напомнуваат од „ Virgin Galactic“.

Безос, основачот на американскиот малопродажен интернетски гигант „Amazon“, летот во Вселената со бродот „ New Shepard’ го планира за 20-ти јули, заедно со неговиот брат Марк, сега 82-годишната некогашна најмлада жена пилот Воли Фанк на NASA, и лице кое преку наддавање плати 28 милиони долари за место на летото, а чиј идентитет сѐ уште не е откриен.

Според плановите во компанија „Virgin Galactic“, бродот „Unity-22″ ќе стартува на височина од 16 километри, одвојувајќи се од ракетата носач, минувајќи повеќе од два часа во лет. Капацитетот му е шест патници, коишто ќе имаат можност да ја видат Земјата од 100 километри оддалеченост и неколку минути да ја почувствуваат бестежинската состојба. Вселенското летато од серијата „ SpaceShipTwo“ е развiено за редовни туристички суборбитални летови.

Вселенската трка, којашто ја вкучува и комапнијата „SpaceX“ на Илон Маск, кој сѐ уште не го одреди датумот за својот лет, го следи оптимизмот дека вселенските патувања ќе станат „мејнстрим, што што глобалната финансиска куќа UBS проценува дека годишно пазарот на ваквиот „туризам“ до 2030 година би можел да изнесува три милијарди американски долари.

„Virgin Galactic е авангарда на новата комерцијална вселенска индустрија, развиена да ја отвори Вселената за човештвото и засекогаш да го промени светот“, порача Брансон во објавата на „Virgin Galactic“