Бројот на загинатите во Белгија во екстремните временски услови и поплави се искачи во петокот попладнето на 23 лица, известува службената новинска агенција Belga пренесевајќи ја изјавата на гувернерот на тешко погодената покраина Лиеж, отокао поплавите исто така разорно погодија и делови од Германија, Швајцатија, Холандија, Луксембург и други земји.
„Сѐ уште има луѓе на покривите во покраината Лиеж коишто 36 часа ниту јаделе ниту пиел вода“, изјави гувернерот Ерва Жамар за телевизиите RTL-TVI и RTBF.
Белгиската министерка за внатрешни работи Анели Верленден изјави за локалната телевизија VRT дека според привремените податоци потврдена е смртта на 18 лица, додека има многу пријавени како исчезнати.
Хеликоптери и дронови продолжуваат со потрагите во следните часови, додаде Верленден.
Обилните дождови и надојдените води живописните пејсажи и историски градови ги претворија во зона на катастрофата во делови од Германија, Франција, Швајцарија, Лускембурф и Холандија.
Најмалку 127 луѓе загинале, повеќе од 1.500 се водат како исчезнати, а многу куќи се уништени во поплавите во германските западните сојузни покраини Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц, како и во Белгија и во Холандија. Во Германија според последните потврдени податоци, загинале 104 луѓе.
#liege #inondations #innondations #Intemperies #pluie pic.twitter.com/EHCign9NvQ
— White Vador (@PatrickLottin) July 16, 2021