ВИДЕО| Бројот на загинатите во падот на филипинскиот авион се зголеми на 45, а 49 преживеани

Бројот на жртвите во падот на транспортниот авион на военото воздухопловство на Филипони се зголеми на 45, пренесе телевизијата CNN Philippines цитирајќи го филипинското министерство за одбрана.

Според последните податоците, загинале 42 патници во авионот, главно регрути, и уште три лица на земјата. Се додава дека на местото на нестреќата се пронајдени живи 49 припадници на војската, а потрагата во областа на падот на авионот продолжува. Според информациите на CNN Philippines 32 од 49-те преживеан се војници кои се префрлени на лекување во болница во градот Замбоанга.

Воениот-транспортен авион од типот „C-130“ на воздухопловните сили на Филипини кој полетал од градот Крагајан-де-Оро се урнал во неделата при обидот да се приземји на островот Холо во провинцијата Сулу на југозападот на земјата. Според министерот за одбрана Делфин Лорензана изјави дека според сознанијата, со авионот се превезувале 92 лица, од окои осум членови на екипажот.

Војниците биле упатени на островот Холо како дел од оперативните сили за борбата против тероризмот и справување со есктремнистичките и бунтовничките сили во архипелагот. Според прелиминарните информации од филипинското министерство за одбрана, при слетувањето на аеродромот авионот ја промашил пистата и се урнал врз куќи во блиското село, по што избувнал пожар.

https://www.youtube.com/watch?v=XL6twfJvSBY