ВИДЕО | Бруклин Нетс победи, ама Дурант се повреди, Далас поразен без Дончиќ

Во драматичен натпревар Бруклин Нетс славеше победа над Мајами Хит со 102:101, меѓутоа победата остана во сенка на повредата на Кевинд Дурант кој го заврши натпреварот во третата четвртина.

Дурант настрада откако Џими Батлер падна врз него на коленото. До моментот на повредата Дурант постигна 17 поени со што се искачи на 17-тото место на вечната листа стрелци во НБА, го прескокна Доминик Вилкинс.

https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1612255580030177280?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1612255580030177280%7Ctwgr%5E16c449f7104eca44f8cdb6f4c323fb9aae0959aa%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-bruklin-pobedi-no-durant-se-povredi-dalas-ne-mozhe-bez-donchikj%2F

Засега не е познато од каков карактер е повредата на Дурант и се чекаат деталните медицински рпегледи.

Без Лука Дончиќ во составот Далас беше поразена од Оклахома со 120:109. Најдобар во редовите на победничкиот тим беше Гилџес Александер со 33 постигнати поени, зад него следеше Дорт со 18. Во редовите на Мавс се истакна Вуд со дабл-дабл од 27 поени и 17 скокови.

За издвојување од изминатата вечер е и Џејмс Харден кој со својата Филаделфија славеше против Детроит со 123:111. Харден успеа да запише трипл-дабл за само 18 минути поминати на паркетот, натпреварот го заврши со 20 поени, 11 скокови и 11 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Филаделфија 111:123

Торонто – Портланд 117:105

Индијана – Шарлот 116:111

Мемфис – Јута 123:118

Мајами – Бруклин 101:102

Хјустон – Минесота 96:104

Оклахома – Далас 120:109

Феникс – Кливленд 98:112

ЛА Клиперс – Атланта 108:112