На социјалните мрежи се појави во неделата видео, во чиј опис се наведува дека станува збор за активисти на владејачката СДСМ, кои во општината Василево ги посетуваат социјално загрозени семејства и во обидот да обезбедат гласови за нивниот кандидат упатуваат и закани.
„Ова ли е злото кое се заканува и чука на врата, што го зборува Зоран Заев и СДС?
Членови и активисти на СДС Василево одат од врата на врата кај социјално загрозени семејства и се закануваат дека, како што се слуша на видеото, ќе молат за социјална помош!“, пишува во објавата Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ, по што следат коментари на корисници на мрежата.
Во оваа општина се води тесна трка за градоначалничката позиција, откако во првиот круг Славе Андонов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ осви 48,81 отсто од гласовите, додека Марјан Јанев од СДСМ влегува со 47,94 проценти.