Култната „Чукни во дрво“ од Влатко Стефановски доби своја преработка за време на пандемијата на коронавирусот.
Стефановски вели дека идејата е на Мери Попова, уредничка на Културно-уметничката програма во Македонската радиотелевизија (МРТВ), која му се јавила, тој размислил пет минути и се согласил.
Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.
Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е сепак најважно – здравје, среќа и љубов!