Техничкиот министер за внатрешни работи во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 откри дека МВР постапува за изолираните инциденти кои се случија за време на ограничувањето на движењето.
„За орото во Гевгелија, литијата во Струга, инцидентот во Сингелиќ… постапуваме по овие постапки. И секаде онаму каде што имало прекршување, во координација со јавното обвинителство, вршиме идентификација на лицата и ќе постапиме согласно законите“, најави Чулев.
Тој исто така коментираше и за момчето кое беше уапсено со кучето, и рече дека тој го кршел ограничувањето, а за постапката при приведување ја испитува внатрешната контрола на МВР.