Мистериозно суштество е пронајдено во градот Кармен дел Парана, на југот од Парагвај. Лешот бил пронајден од локалното население.
Има големина на просечно куче, нема крзно, има прсти налик на човечки и има долг опаш.
Експерти и спасувачки екипи веднаш излегле на терен.
Локалните медиуми јавуваат дека жителите тврдат дека ја откриле легендарната чупакабра. Приказните за мистериозната чупакабра почналево 20. век. Никогаш не е докажано дека навистина постои, а неговите главни жртви се кози, крави, овци и други домашни животни на кои им ја пие крвта. Неговото име во буквален превод значи „цицач на коза“.
Митот за чупакабрата настанал во околината на Порторико и Мексико, каде наводно живее ова суштество. Според зборовите на очевидците ова суштество има округла глава, сива кожа, издолжени црни очи и мала уста.