Аргентинскиот гигант Ривер Плата утрово загуби со 1:2 во натпреварот против Росарио со што пропушти шанса да се доближи на табелата до водечката Бока Јуниорс.
Во овој натпревар видовме дури 15 минути судиско продолжение, а тоа беше поради циркусот кој настана во финишот од средбата.
Се започна кога судијата Еченике со рака случајно го удри Кинтаро од Ривер, за овој без многу размислување да му возврати така што силно го оттурна. Одоговорот на судијата на неговата таква постапка беше – директен црвен картон.