Индонезиските власти издадоа „црвено предупредување“ за воздухопловните компании во неделата откако вулканот на планината Агунг на туристичкиот острив Бали почна да исфрла пепел на височина од 4.000 метри.
Пепелта се движела во југоисточна насока кон туристичкиот остров Ломбок, изјавил Сутопо Нугрохо, портпарол на националната служба справување со за природни катастрофи.
„Вулканолошката служба објави информација за авионите и предупредувањето го зголеми од портокалова на црвена тревога“, рекол портпаролот.
Таканареченото „црвено предупредување“ се променува само за областите погодени со вулканска пепел. Тоа значи дека се предвидува ерупција со исфрлање значителни количества пепел во атмосферата.
Меѓународниот аеродром во Ломбок, во блиско соседство на Бали, е затворен поради движењето на вулканската пепел. Поради пепелта воздухопловната компанија „Garuda Indonesia“ претходно во неделата откажа 18 летови за островот Ломбок и од него.
Предупредувањето поради можна вулканска ерупција беше на највисоко ниво на 22-ри септември, кога повеќе од 130.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови и да побараат привремено засолниште во страв од ерупција. Меѓутоа, кон крајот на октомври властите го ублажија предупредувањето по постепеното намалување на вулканската активност.
Портпаролот Сутопо изјавил дека 25.000 луѓе сѐ уште не се вратиле во своите домови.
Претходната ерупција на вулканот Агунгм висок, 3.031 метар, е регистрирана во 1963 година. Вулканот тогаш исфрлала пепел до индонезиската престолнина Џакарта, оддалечена околу 1.000 километри. Во неколкуте ерупции до 1964 година тогаш имало речиси 1.600 загинати.
https://www.youtube.com/watch?v=7_aOt_PqtVs