![doncik frla](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/doncik-frla.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Далас продолжи да чекори кон својата цел да обезбеди директен пласман во плеј-офот во НБА лигата, а со изданија како ова утрово против вицешампионот, сигурно оваа задача ќе биде доста поостварлива до крајот на регуларниот дел од сезоната.
Маверикси успеаја да слават на гостувањето во „Американ ерлајнс“ арената кај тимот на Мајами, пред се поради фактот што гостите издејствуваа фантастична тимска игра, во која Дончиќ доби сериозна поддршка од своите соиграчи.
Хардавеј беше убедливо најдобар стрелец на мечот со 36 поени зад своето име, додека Словенецот Дончиќ доминираше во сите други параметри, па со 23 поени, 12 скокови и 8 асистенци имаше исто така многу важен придонес во победата.
Третиот најдобар поентер на мечот исто така беше од Далас, но покрај Брансон, по 19 поени постигнаа и двајца играчи од Мајами, односно Драгиќ и Ариза.
Ова беше седма победа на последните девет натпревари кои ги одигра Далас, по што Дончиќ и компанија се наоѓаат на шестото место на Западната конференција.
НБА резултати:
Кливленд – Феникс 118:134
Детроит – Шарлот 99:102
Милвоки – Бруклин 124:118
Мајами – Далас 113:127
Њу Орлеанс – Голден Стејт 108:103
Оклахома – Сакраменто 99:103
ЛА Клиперс – Торонто 105:100