На снимките се гледа како се урива кулата на Парокија де ла Сунсион, една од најстарите цркви во Сантијаго де Чиле. Друга ја покажува Иглесија де сан Франциско де Борја, која полицијата обично ја користи за церемонии, зафатена од пламен.
Протестите почнаа мирно на Плаза Италија, плоштадот познат и како Плаза де ла дигнитад, но набрзо станаа насилни и покрај полициското присуство.
Чиле беше погодено од насилни протести во периодот меѓу 18 октомври и 30 ноември минатата година, кои го парализираа главниот град. Демонстрантите бараа подобар пристап до здравствена заштита и образование и укинување на неолибералниот економски систем.
#Santiago: posterior al saqueo de especies desde la Iglesia San Francisco de Borja, antisociales realizan barricada con fogata al exterior. pic.twitter.com/ESjgyFR2mF
— Carabineros Prefectura Central (@CarabPrCentral) October 18, 2020
Во протестите беа убиени најмалку 30 луѓе, а полицијата беше критикувана за репресија.
Протести неодамна повторно избија пред референдумот на 25 октомври на кој Чилеанците решаваат дали сакаат нов устав, едно од клучните барања на демонстрантите.
Сегашниот устав е од 1980 година од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче.