Четириесет лица се повредени како резултат на употребата на иритирачки гас во ноќниот клуб „Cameo“ во приморскиот турстички град Борнмут на југот од Анлгија, соопштија во саботата од полицијата на грофовијата Дорсет.
„Во 2 часот (3 часот по македонски време по полноќ) полицијата на Дорсет доби известување дека некој вид иритант, најверојатно хлорбензалмалонодинитрил е раширен во ноќниот клуб Cameo на улицата Фер Вејл-роуд во Борнмут“, ја цитира полициската портпаролка британската новинска агенција Press Association.
Според неа, откако сопствениците на клубот и обезбедувањето решиле да ги евакуираат гостите, службите за итна помош пружиле помош на четириесетина лица поради тешкотии со дишењето и силно солзење на очите. Едно лице поради потешки симптоми било хоспитализирано.
По целосната евакуација на клубот, полицијата извршила детално пребарување, но не нашла оапсни сусптанции.
Хлоробензалмодонитрил е безбојна кристална сусптанца со мирис на лута пиперка, познат и како „јорговански гас“ (CS). Овој хемиски агенс во воената калсификација припаѓа на групата иританти со посложени реакции.
@Bournemouthecho Everyone is being evacuated here but no one seems to know why pic.twitter.com/XGJSrGYu7S
— Josh Wilde (@josh_wilde20) September 29, 2018