Голем пожар избувна во понеделникот на железнички надвозини покрај станицата „ Elephant and Castle“, откако според очевидци се слушнала детонација, а пламените и столновите црн чад се издигнуваат високо над британската престолнина.
Според првичните информаци на противпожарната служба во пламен биле комерцијални бироа, автомобили и телефонска говорница.
„Сообраќајниците се затворени и на населението му се препорачува да избегнуваат престојување во оваа областа, како и да ги држат затворени прозорците и вратите домовите и канцелариите“, се наведува во пораката објавена на Twitter.
На местото на инцидентот упатетни се десет возила со целосна опрема и 70 пожарникари, се додава во објавата на противпожарната служба на Лондон.
Како што може да се забележи на снимките поставени на социјалните мрежи, огромен столб од црн чад се крева над местото на пожарот. Според очевидци во близина на станица се слишнале детонации, кои наликувале на експлозии.
Полицијата, пак, објави дека инцидентот не е поврзан со тероризам. Нема посредни информации за настрадани.
Around 100 firefighters are currently tackling a fire near #ElephantandCastle Railway Station where the railway arches, six cars and a telephone box are alight. There are significant road closures in place, please avoid the area https://t.co/O1e3wT3jDB https://t.co/v9yNG9k5il
— London Fire Brigade (@LondonFire) June 28, 2021
Elephant and Castle #tfl #explosion pic.twitter.com/PdSttKR80b
— Megan Jearum (@MeganJearum) June 28, 2021