Лука Дончиќ ги предводеше домашните кошаркари со 46 поени што за него е личен рекорд во кариерата, а придодаде уште и 12 асистенции и 8 скока. Словенецот имаше огромна помош од Кристапс Порцингис, кој пак натпреварот го заврши со 36 поени. Личен рекорд оствари и Зајон Вилјамсон на спротивната страна, кој постигна 36 поени.
На Никола Јокиќ му недостигаше една асистенција за да постигна трипл-дабл во победата од 97-95 против Оклахома. Српскиот центар имаше 22 поени, 13 скока и 9 асистенции.
Јута продолжува да игра во неверојатна форма па утринава славеше против Милвоки со 129-115. За Џез тоа беше шеста победа по ред или 17-та на последните 18 натпревари. Руди Гобер беше најефикасен со 27 поени и 12 скока.
Лос Анџелес лејкерс беа подобри од Мемфис со 115-105. Ентони Дејвис по два натпревари пауза се врати на паркетот со 35 поени, додека Леброн Џејмс придодаде 28 поени.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Минесота 120-114
Вашингтон – Њујорк 91-109
Атланта – Сан Антонио 114-125
Бостон – Детроит 102-108
Чикаго – ЛА Клиперс 106-125
Портланд – Кливленд 129-110
Сакраменто – Орландо 112-123