
Екипата на Далас вторпат во низа победи, откако ноќеска, на домашен терен, го совлада актуелниот шампион ЛА Лејкерс со 115-110.
Најзаслужен за триумфот на „телињата“, вообичаено, беше Лука Дончиќ. Словенецот „флертуваше“ со трипл-дабл реализирајќи 30 поени, девет скока и осум асистенции, со што воедно му го загорчи враќањето во тимот на Ентони Дејвис, кој ги пропушти последните 30 средби на „езерџиите. Тоа, воедно беше 18. натпревар за најдобриот играч на Далас во кој имал најмалку 30 поени и по пет скока и асистенции. Зад него беше Криштапс Порзингис со 19 поени и шест скока, додека прво име кај Лејкерс со 29 поени беше Колдвел-Поуп, додека Денис Шродер додаде 25 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=OXxcLxvdHBc&feature=emb_title
Во дербито на вечерта, кошаркарите на Милвоки бакс ја добија пресметката со Филаделфија севентисиксерс (124-117), со што му го нанесоа третиот пораз во низа на големиот ривал од Истокот. Јанис Антетокумпо беше најдобар во победничкиот тим со дабл-дабл ефект со 27 поени и 16 скока, додека на спротивната страна Џоел Ембид реализира 24 поени.
https://www.youtube.com/watch?v=CnpGhUTpmX0
РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Феникс 99-86, Милвоки – Филаделфија 124-117, Орландо – Њу Орлеанс 100-135, Сан Антонио – Детроит 106-91, Далас – ЛА Лејкерс 115-110, Чикаго – Шарлот 108-91.