(ВИДЕО): Дрон му ги пресече прстите на Енрике Инглезијас

Латино ѕвездата Енрике Иглесијас закрепнува по повредите кои ги доби на прстите на десната рака откако го фатил дронот за снимање на публиката за време на неговиот концерт во градот Тихуана во Мексико.

Според зборовите на портпаролот  Иглесијас, по инцидентот кој се случил синоќа на пејачот му била укажана прва помош покрај сцената за да му се запре крварењето.

drom

Иако му било советувано да го прекине концертот, Иглесијас продолжил да пее уште половина час.

Крварењето не прекинало ниту во продолжението на концертот. Фановите на социјалните мрежи објавиле фотографии од 40-годишниот пејач како пее во бела маичка натопена во крв.