ВИДЕО| Дуда повторно наседна на руските пранкери: Верувај ми, не сакам војна со Русија!

Полскиот претседател Анджеј Дуда на денот кога проектил залута во источниот дел на земјата рече дека не би сакал „војна со Русија“ како резултат на инцидентот. Полскиот лидер оваа изјава ја даде во разговор со руските пранкери Владимир Кузњецов (Вован) и Алексеј Столјаров (Лексус). Дуда поверува дека разговара со францускиот претседател Емануел Макрон.

Во видеото објавено во вторникот на профилите на социјалните мрежи на пранкерите, наводниот Макрон го прашува Дуда дали ја поврзува позицијата на Киев за инцидентот со постојаните барања на украинскиот претседател Владимир Зеленски за испораки на ново оружје.

„Верувај ми, јас сум крајно претпазлив. Не ги обвинувам Русите“, рече Дуда, „Емануел, мислиш дека ми треба војна со Русија? Не. Верувај ми, не го сакам тоа. Не сакам војна со Русија и многу сум внимателен, верувајте ми. Исклучително внимателен“.

Руските шегобијци Вован и Лексус веќе имаа „лажен“ разговор со претседателот на Полска во јули 2020 година, повикувајќи го во име на генералниот секретар на ОН и честитајќи му на изборната победа.

На 15 ноември, проектил залута во селото Пржеводов во Лублинското војводство во источна Полска на границата со Украина, при што загинаа две лица. Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека според властите во земјата, проектилот што паднал им припаѓа на украинските сили за воздушна одбрана. Варшава го сметаше ова како несреќа. Стејт департментот соопшти дека американската администрација сигурно ги поддржала заклучоците на полските власти, нарекувајќи ги точни.

Според руското Министерство за одбрана, проектилот бил истрелан од украинскиот систем за воздушна одбрана С-300.

https://www.youtube.com/watch?v=6xnFebPVzVI