ВИДЕО: Дупка во музеј проголта осум скапи и стари „корвети“

Хорор во музеј во Кентаки, дупка проголта осум скапи „корвети“.

Осум автомобили завршија под земја кога се отворила дупка во Националниот музеј  на „Корвета“ во Боулинг Грин во американската држава Кентаки.

Дупката се отворила вчера во утрински часови, а според пожарникарите била широка 12, а длабока од осум до девет метри.

Во времето кога се отворила дупка, во музејот немало посетители, па настрадале осум скапи и стари автомобили. Од автомобилите кои земјата буквално ги проголта, шест биле подарени на музејот, а на две сопственици се „Џенерал Моторс“.

Љубителите на „корвети“ се навистина разочарани што нивните омилени автомобили  завршија под земја.