Аеродромите во Бордо, Лион (Лион-Сент Егзипери и Лион Брон), Рен, Лил, Тулуз, Париз Бове, Ница, Стразбур, Бијариц, Пау и Нант се евакуирани утрово, откако полицијата соопшти дека добиле закани за бомби или сомнителни пакети. , објави весникот „Локал“.
Сите летови до и од погодените аеродроми се прекинати, некои се обновени, но патниците може да очекуваат доцнења од неколку часа.
Во меѓувреме беа објавени и првите видеа од патниците од аеродромот како бегаат на безбедно.
l’aéroport de toulouse évacué mais que se passe-t-il ? pic.twitter.com/SaqbyGrFLr
— L-A (@pyjamay_) October 18, 2023
Портпаролот на француската воздухопловна управа DGAC ја потврди евакуацијата поради предупредувањата за бомби само во Лил, Лион, Тулуз и Бове, и не можеше веднаш да даде дополнителни детали.
A statement from #Lille Airport said: “Lille Airport is being evacuated following a bomb threat. State security services are on site.”#France #airlines #avgeeks #IsraelAttack pic.twitter.com/md3zBXvk4Z
— alsaeed (@alimsaeed604) October 18, 2023
Онлајн контролната табла на DGAC покажа значителни доцнења во Лил, Лион и Тулуз.
Во објава на сметката на платформата X на аеродромот во Ница се вели дека „поради сомнителен багаж… поставен е безбедносен периметар за да се овозможат вообичаените проверки“.
L’aéroport de Toulouse évacué après une alerte à la bombe #alertealabombe #Attentat #terrorism #Vigipirate pic.twitter.com/hJlC5o6ddT
— Erreur 404 (@Erreur455769746) October 18, 2023