(ВИДЕО) Еден од приведените антиваксери во Србија бил вакциниран против Covid-19

Еден од петмината приведени активисти биле вакциниран против коронавирусот, изјави во неделата српската премиерка Ана Брнабиќ.

„Од петмината антиваксери кои се приведени, еден се вакцинирал, а истовремени ги шири најстрашните можни лаги против вакцинирањето. Значи, произлегува, вие себеси заптитете се но зборувајте дека дригите на треба да се вакцинираат“, изјави пемиерката Брнабиќ за телевизија ТВ Прва.

Претходно во седмицава неколку антиваксери беа упасени во Блеград, поради тоа што како што тврдат српските власти, ширеле паника.

„Тоа е најстрашното лицемерие. Антиваксерите навистина ја загрозуваата националната безбедност. Тие на социјалните мрежи сериозно ги загрозуваат безбедноста и животите на луѓето, шират паника и лажни вести“, додаде Брнабиќ.

Српската премеирка го коментираше собирот на противникот на вакцинирањето кај белградскиот споменик на Стефан Немања во саботата вечерта. Собраните играа тоаш оро, а Брнабиќ рече дека станува збор за мирен протест, поради кој никој не е уапсен.

„Покажавем дека нема никогаш да апсиме луѓе за непријавени собори, доколку се мирни. Имавме и порано непријавени протести, па не применивме сила. Можеме да апелираме тоа да не се случува. Државата не може да уапси луѓе ако мирно се собираат, но мислам дека тој собир е многу лош, мислам дека тоа е глупаво“, додаде Брнабиќ.

Тврдеше сека протестите против вакцинирањето не се само српска специфика, туку се случуваат и на други места во Европа.

„Нашите луѓе се супер, и покрај силното антиваксерско лоби. Според бројот на вакцинираните најдобри сме во Европа“, рече премиерката на Србија.
.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)