Кон крајот на предизборната кампања во Црна Гора, Демократската партија на социјалистите, предводена од Мило Ѓукановиќ, доби поддршка од албанскиот премиер Еди Рама.
Албанскиот премиер снимил видео порака со поддршка за партијата на Ѓукановиќ, во која се обраќа на англиски јазик, но во одредени моменти додава и реченици на српски како „Решително за Црна Гора“, што е слоганот на изборната кампања на ДПС и додава: „Драг Мило, благодарам што постоиш“.
Рама зборува и за добрите односи меѓу него и Ѓукановиќ, како и за пријателството што тие го имаат и со тоа им дава поддршка на властите во Црна Гора.
Evo ga, Rama progovorio srpski pic.twitter.com/3ytlvJNwVa
— Pedja Vasiljevic (@PedjaVasiljevic) August 26, 2020