Додека ја чека својата венчавка со Алекс Родригез (45), што мораше да ја одложи поради епидемијата на коронавирус, латино-дивата Џенифер Лопез (51) не мирува.
Таа го издаде синглот „Pa Ti + Lonely“, што го изведува со колумбиската sвезда Малум (26).
Двајцата снимија две слични приказни во едно видео, а нивните жешки сцени не ги оставија обожавателите рамнодушни.
Убавата Џенифер е главната sвезда на видеата, а многумина се согласуваат дека е како вино – колку е постара, толку е подобра. Во една сцена, таа се качува на маса додека пејачот страсно ја бакнува.
Некои американски таблоиди велат дека блискоста на неговата девојка со младиот пејач му паѓа тешко на Родригез.
“Не може да издржи да ја гледа Џеј Ло со друг маж, иако знае дека глуми. Не може да си помогне, иако е свесен дека тоа е нејзината работа. Тој е многу конзервативен. Со никого не сака да ја дели неговата сопруга”, изјавил човек близок на двојката .
Не е познато дали овие песни се подготовка за нејзиниот нов албум, а поминаа шест години од објавувањето на последниот „А.К.А.“
Џенифер и Малум се скоро неразделни во бизнисот, па ја снимија скапата и романтична комедија „Омажи се за мене“, чија премиера е најавена во февруари 2021 година.