Подводен вулкан во водите на архипелагот Тонга еруптираше во саботата поради што беше огласена тревога за цунами за повеќе островски држави во Јужен Пацифик, осонено за Тонга и Американска Самоа.
По ерупцијата на вулканот, бранови на цунами се забележани во Нуку’алофа, главниот град на архипелагот Тонга, и во Паго Паго, главниот град на Американска Самоа.
Од вулканот во петокот започнала да избива пареа, гас и пепел кои се издигнале до 20 километри во височина. Погодената област е со размери од 260 километри.
Ерупцијата на продводниот вулкан Хунга Тонга-Хунга Ха’апаи, на 65 километри северно од Нуку’алофа, предизвикала цунами со ударен бран од височина од 1,2 метри, објавија Австралискиот метеоролошки институт и американскиот Пацифички центар за прерудпреување од цунами.
Островот Фиџи, исто така, издаде предупредување за цунами и ги замоли жителите да го избегнуваат брегот „поради силните струи и опасните бранови“.
На социјалните мрежи се објавени многу фотографии од бранови кои ги заплиснуваат бреговите и куќи. Телевизискиот новинар Џес Туисину објави видео на Twitteer на коешто се забележува како луѓе пред бран бегаат кон своите возила.
„Делови од Тонга се во целосна темнина, по ерупцијата на вулканот луѓето бегаат во засолништа“, напиша новинарот.
https://www.youtube.com/watch?v=gHIujMY1nj8
More tsunami videos coming out of Tonga 🇹🇴 https://t.co/Uk3fkmGfyz
— Jese Tuisinu (@JTuisinu) January 15, 2022
Tsunami videos out of Tonga 🇹🇴 this afternoon following the Volcano Eruption. pic.twitter.com/JTIcEdbpGe
— Jese Tuisinu (@JTuisinu) January 15, 2022