ВИДЕО| Ескалира протестот во Гуангжу, Кина алудира на странска вмешаност

Жителите на големиот кинески индустриски град Гуангжу ескалирале во вторникот ноќта, кога жителите се судриле со полицајци во заштитни одела, пренесуваат западните медиуми повикувајќи се на снимки објавени на социјалните мрежи во текот на протестот против строгите епидемиолошки мерки против ширењето на Covid-19.

Судирот во јужниот град Гуангжу претставуваат ескалација на протестите од изминатиот викенд во кинескиот финансиски центар Шангај, во главниот град Пекинг и други поголеми градови во земјата, протестирајќи против епидемиолошките мерки и ограничувањето на движењето воведено поради ширењето на Covid-19, што се оценува како демонстрација на граѓанска непослушност во Кина, особено откако на власт дојде Кси Џинпинг.

Огорченоста на Кинезите се зголеми во периодот кога кинеската економија погодена од корнакризата потклекнува по деценијата вртоглав раст влечејќи ја и глобалната економија, што беше темелена врз непишаниот општествен договор меѓу владејачката Комунистичка партија, деловната заедница и населението соочено со „драматично ограничените слободи во време на владеењето на претседателот Кси Џинпинг“, пишува агенцијата Reuters.

Повикувајќи се на видео објавено на Twitter, агенцијата пренесува дека десетици припадници на интервентната полиција во бела епидемиолошка заштитна облека, со штитови над главите во формација ги потиснуваат демонстрантите преку соборените бариери додека кон нив летаат предмети. На снимката, исто така, се гледало и како полицијата носела лица со лисици на рацете кон „непознато место“.

Друг видеозапис покажувал како луѓе фрлаат разни предмети врз полицијата, а на трет како солзавец паѓа меѓу група луѓе во тесна уличка, по што демонстрантите бегаат. Reuters потврдил дека снимките се направени во округот Хаижу во Гуангжу, сцената на безредија поврзани со мерките за справувањето со растечкиот број зарази со Covid-19 и пред две седмици, но агенцијата не можела да утврди кога се снимени, како и точниот след на настаните и што го предизвикало судирот. Пренесува, меѓутоа, дека корисниците на социјалните мрежи наведуваат дека судирите се случиле во вторникот вечерта и ноќта и дека биле предизвикани поради строгите мерки против пандемијата.

Градската влада на Гуангжу, градот кој е тешко погоден во последниот бран на коронаинфекциите, не одговорила досега на барањето на Reuters за коментар.

Во организацијата China Dissent Monitor, којашто го води Freedom House кого го финансира владата на САД, проценува дека од саботата до понеделникот ширум Кина биле одржани најмалку 27 протести. Австралискиот тинк-тенк институт ASPI зборува, пак, за 43 протести во 22 градови.

Изминатите денови демонстранти излегоа на улиците на големите градови, меѓу кои и престолнината Пекинг и финансискиот центар Шангај, протестирајќи против епидемиолошките мерки и ограничувањето на движењето воведено поради ширењето на Covid-19, што се оценува како демонстрација на граѓанска непослушност во Кина, особено откако на власт дојде Кси Џинпинг. Иницијална каписла за протестите беше минатонеделниот протест во западната покраина Ксинџијанг во кој во повеќатница покраинската престолнина Урумкчи загинаа десет лица наводно поради блокирање на еден од излезите од зградата поради епидемиолошкото „заклучување“, а градските власти тоа го негираа.

 

Ублажување на мерките

Гуангжу е голем пристаништен град северно од Хонгконг во кој живее голем број мигрантски работници. Тамошните власти доцна во вторникот, пред почетокот на вечерниот протест, објавија дека ќе им дозволат на блиските контакти на лицата со Covid-19 карантинот да го минат дома наместо во специјалните засолништа, што се смета за исчекор од досегашната строга епидемиолошка кинеска политика на „нулта коронавирус“.

Во Женгжу во кој е големата фабрика „Foxconn“ која ги произведува iPhone-ти на американскиот технолошки гигант „Apple“ во која се одржа протест на работниците поради епидемиолошките мерки, власите најавија „редовно“ продолжување на работата, меѓу другото и на супермаркетите, рестораните и други јавно објекти. Но истовремено и објавија обемен список со згради и институции кои остануваат во изолација.

Неколку часа пред таа објави на властите на Женгжу, во вторникот функционерите на националната кинеска здравствена комисија соопштија дека Кина ќе одговори на загриженоста на јавноста, како и дека ковид-прописите би требало да се спроведуваат пофлексибилно, во согласност со условите за секој регион.

Ублажувањето на мерките во време кога Кина има дневни рекордни бројки на новозаразените на Западот се толкува како обид на властите да го примират населението додека истовремено трагаат по организаторите на протестите.

„Полицијата ми дојде на врата за да ме испраша за сѐ и ме натера да пополнам записник“, рекол за Reuters во средата жител на Пекинг кој не сакал да биде идентификуван. Друг жител на кинеската престолнина рекол дека некои негови пријатели кои објавувале снимки од протестите на социјалните мрежи биле однесени во полициските станици и биле „замолени да потпишат ветување дека тоа повеќе нема да го прават“.

Агенцијата истакнува дека не е јасно како властите ги идентификувале лицата кои ги испрашувале, ниту колку луѓе биле повикани во полициските станици или полицијата им дошла дома. Додава дека во средата неколку полициски возила патролирале по Источниот мост во Пекинг, во близина на дипломатскиот кварт, каде пред три дена бил одржан протестот.

 

Непријателски сили

Во соопштението кое не ги споменува протестите, највисокото тело на Комунистичката партија задолжено за безбедносните сили, во вторникот доцна вечерта соопшти дека Кина решително ќе ја сузбие „инфилтрацијата и саботажата на непријателските сили“.

Централната политичка и правна комисија, исто така, соопшти дека нема да бидат толерирани „нелегалните и криминални дејствија коишто го нарушуваат редот и мирот“. Министерството за надворешни работи на редовниот дневен брифинг во средата соопшти дека „правата и слободите мора да се остваруваат во рамките на законите“.

Коронавирусот се шири во Кина и покрај тоа што земјата настојува значително да се изолира од остатокот од светот и да ги спречи склучаите на зарази од странство, и бараше од своите граѓани да ги почитуваат строгите мерки, како и на постојаните тестирања на вирусот и продолжениот карантин.

Иако бројот на инфекциите и смртните случаи од Covid-19 во Кина е низок според светските стандарди, аналитичарите сметаат дека повторното отворање пред зголемената стапка на вакцинирање со дополнителните дози би можело да доведе до дополнително ширење на заразите и зголемување на смртните исходи, како и преоптоварување на здравствениот систем во земјата.