![severodoneck](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/severodoneck-3.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Во големиот хемиски комбинат „Азот“ крај градот Северодоњецк за кој во побунетата источна украинска област Луганск се водат жестоки борби меѓу украинските и проруските сили поддржани од руската војска, на украинската страна војуваат многу странски платеници, пренесува агенцијата РИА цитирајќи цивили кои успеале да избегаат од фабричкото противавионско засолниште.
Двете млади жени, Ана и нејзината снаа Алина, со нивните деца два месеца, од 5-ти април живееле во подземна просторија во ткн втор влез во „Азот“, откако нивниот дом бил погоден од граната, пренесува агенцијата. Во фабриката, како што сведочеле, имало многу странски борци.
„Има многу платеници, многу. Колку ги имаше не знам, тие се држеа одделно од другите. Најчесто разговараа меѓу себе на англиски, и на други странски јазици“, рекла Ана.
Жените додале дека странските и украинските борци не им дозволувале на цивилите да ги напуштат подземните простории.
„Ни објаснуваа дека надвор е опасни, дека се случува некаква чистка. Не излегувајте до вечер“, додава соговорничката на агенцијата.
Милитантите, исто така, не ги пуштале да влезат во фабриката, и машките роднини на двете жени кои сакале да им донесат разни намирници. Меѓутоа, на 10-ти јуни, кога вниманието на борците попуштило, жените успеале да излезат. Велат дека морале преку територијата на фабриката да одат пешки заедно со децата, на две, пет и осумгодишна возраст. Репортерот на РИА пренесува дека двете жени сега се сместени во соседното село Новаја Астрахан.
Борбите за стратешки важниот град Северодоњецк на работ на Лиганскиот регион траат од почетокот на мај. Од средата од 8 часот наутро до 20 часот вечерта, руските војски обезбедуваат хуманитарен коридор во северен правец, за неколкуте десетици илјади цивили кои останале во градот. Руското министерството за одбрана ги обвини украинските сили дека го нарушиле процесот на извлекување на цивилите од зоните на борбени дејствија и примирјето, со наводно гранатирање на станбени облкасти во Северодоњецк.
Борбите за Северодонецк траат од почетокот на мај. Украинската страна често дава спротивставени објави дека нејзините сили или се повлекле или дека напредуваат во градот, признавајќи сепак дека сепаратистичките сили помогнати од руските единици заземале некои градски населби. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пак, пред десет дена изјави дека станбените реони во градот се целосно ослободени, а дека продолжуваат борбите во индустриската зона каде е комбинатот „Азот“.
Проруските сили со поддршка на руската војска настојуваат што поскоро да воспостават контрола над целата административна територија над рударскиот басен Донбас кој ги опфаќа Доњецкиот и Луганскиот регион, доминантно руски и рускојазични области, кои проруските сепаратисти значително ја контролираа по превратот во Киев во 2014 година. Северодонецк и блискиот Лисичанск, кои се на 80 километри од украинскиот административен центар Краматорси, се клучни за остварување на тој план.