ВИДЕО| Евросонг: Андреа ќе ја претстави Македонија во втората полуфинална вечер

Организаторите во вторникот го објавија редоследот на настапите во двете полуфинални вечери на Евросонг 2022. Вкупно 35 земји ќе се натпреваруваат за пласман во финалето.

Андреа, македонската претставничка на годиешниот Евросонг, ќе настапи единаесетта во втората полуфинална вечер, на 11-ти мај.

Од секое полуфинале претставниците на десет земји ќе се пласираат во финалето, кои заедно со претставниците на земјите од „големата петорка“ односно Франција, Германија, Шпанија, Англија и земјата домаќин Италија, ќе настапат на големото финале ќе учествуваат 25 земји.