ВИДЕО Ги искина плакатите од Силјановска Давкова, па се обиде физички да нападне членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Нервозата кај СДСМ е се поприсутна. Во текот на вчерашниот ден сите бевме сведоци на еден немил настан во кој активист на СДСМ се обиде физички да нападне членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром. Дополнително, истиот активист на СДСМ уништуваше рекламен материјал на кандидатот за Претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, обелоденуваат од ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

Апелираме до сите учесници во политичката кампања за фер и коректно однесување, водење на политичка кампања со идеи, предлози, проекти, а не со насилство и закани. Апелираме до МВР да преземе конкретни мерки против лицето кое упати јавни закани и се обиде физички да се пресмета со нашите членови, само така ќе покажете дека навистина се залагате за фер и демократска кампања. Апелираме и до градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, да не користи општински ресурси за покривање на рекламниот материјал. Доколку истите се вишок во општината, да се искористат за општо добро на граѓаните, за реализација на проекти, подобрување на хигиената во општината и слично, истакнуваат од партијата.


Тие им се обратија и на своите политички противници, како и на сограѓаните.

И вие како и ние знаете дека аеродромци масовно ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова, затоа не фрлајте црна дамка на изборниот процес во една урбана општина како што е Аеродром. Прифатете го предизвикот, презентирајте се пред граѓаните со идеи и концепти, насилството не е решение на секојдневните проблеми, нема да го намали загадувањето, нема да ја подобри економијата, нема да го исчисти ѓубрето, нема да ги ревидира ДУП-овите, нема да направи нова инфраструктура, нови паркинг места, градинки, училишта и слично. Драги сограѓани, Вие најдобро знаете да направите разлика, што е подобро за Република Македонија, за секој еден од нас, за нашите семејства и најблиски. Гордана Силјановска Давкова е вистинскиот избор за правда за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.