ВИДЕО: Го најмила да и ја чува мачката, а еве што правел тој во нејзиниот стан

Чуварот на миленичиња Ахмет во станот требало да доаѓа еднаш дневно на половина час за да се грижи за мачката, но останувал и по шест часа и се забавувал со љубовницата…

Австралијанката Одри Јанг остана во шок откако дознала дека додека таа одмара, изнајмениот чувар на миленичиња Ахмет Озтурк наместо мачка чува некој друг – ненајавена женска гостинка.

Надзорните камери следат што се случува во нејзиниот стан, а Одри одлучила да провери дали е се под контрола. Влегла во нејзиниот меил и примила серија слики од надзорните камери на кои изнајмениот чувар од компанијата Пет Парејд  е во страствени прегратки со непозната жена.

Откако Одри му пратила порака и го прашала што се случува, а нејзината пријателка лично отишла во станот, Ахемт  ја избркал пријателката и рекол дека го понел мигот.

Компанијата на љубовџијата го платила чистењето на станот, а за среќа Австралијанката рекла дека не планира да го тужи  нивниот вработен.